Доколку имаш регистрирано домен во МКхост, а хостинг во друга хостинг компанија и сакаш да направиш редирекција на твојот домен, односно доменот да редиректира кон друг домен, постапката е следна:
Најави се на твојата корисничка сметка наportal.mkhost.com
Во менитоДомениизбери го доменот за кој сакаш да направиш редирекција
Кога ќе се отвори целосно нов прозорец со сите информации за избраниот домен, потребно е да изберешКонфигурации
За да се направи редирекција, именските опслужувачи на доменот мора да се наши - стандардни, односноdns1.mk-host.mkиdns2.mk-host.mk
Доколку на доменот веќе имаш поставено други именски опслужувачи, во полетоИменски опслужувачикликни наКористи ги нашите стандардни именски опслужувачи( како што е прикажано на сликата подолу ) и на крај кликни наЗачувај промени.
Во делотРедирекција на домен, внеси го доменот до кој сакаш да се направи редирекцијата односно точниот линк до кој сакаш да редиректира доменот ( https://domen.com ). Кликни на копчетоРедиректираји со ова постапката на редирекција е завршена.
Доколку имаш активен хостинг во МКхост, редирекција на доменот може да направиш преку cPanel. Постапката може да ја видиш на овојлинк.