Доколку на твојот кориснички профил има генерирано профактура за услуги кои повеќе не сакаш да ги користиш, истата може да ја поништиш и да не добиваш повеќе известувања.
Најави се наportal.mkhost.com
Во делотПлаќањаотвори ја профактурата која сакаш да ја поништиш. Во новоотворениот прозорец, во горниот десен агол кликни на копчетоОткажи
Ќе се отвори нов pop-up прозорец со известување дека со поништување на профактурата, услугите за кои е генерирана профактурата ќе бидат терминирани. Доколку си сигурен дека не сакаш да продолжиш со услугите, кликни наОткажи ја профактурата.
Со ова, профактурата ќе биде со статус 'Откажана' и повеќе нема да добиваш известувања на меил за истата.