Како да промениш лозинка на твојот кориснички профил кога не знаеш која е моменталната лозинка ?За да промениш лозинка на твојот кориснички профил отвори го овој линк -
portal.mkhost.comи кликни на
Заборавена лозинкаВнеси ја твојата емаил адреса со која имаш креирано кориснички профил во МКхост и кликни на
Ресетирај лозинкаНа емеил ќе добиеш инструкции кои треба да ги следиш за да ја промениш лозинката за најава.Кога ќе добиеш емаил од
noreply@mkhost.comкликни на копчето
Ресетирај Лозинкаво емаилот. Со кликање на копчето ќе се отвори нов прозорец на твојот пребарувач каде што треба да ја внесеш новата лозинка и кликни на
Зачувај и ПродолжиСо ова твојата лозинка ќе биде променета и со истата ќе може да се најавиш на твојот кориснички профил.
Како да промениш лозинка на твојот кориснички профил доколку веќе си најавен со старата лозинка ?Доколку си најавен на твојот кориснички профил на
portal.mkhost.comво
Меникликни на
Моја Сметкаи избери
Безбедност.Пополни ги празните полиња со тековна лозинка, нова лозинка и потврда на новата лозинка како што е прикажано на сликата подолу. На крај кликни на
Промени лозинкаи со тоа твојата лозинка ќе биде променета.