Во денешно време, кога се се базира и врти околу Интернет, освен што е важно да имаш свој регистриран домен за твојата компанија, многу е важно да имаш и своја професионална емаил адреса (пример:
username@imenadomenot)За да креираш своја професионална емаил адреса најпрво ќе треба да закупиш хостинг пакет, односно место каде што ќе може да го поставиш твојот веб сајт и да ги креираш и чуваш твоите емаил адреси.
Со закуп на хостинг пакет кај нас, добиваш податоци за најава на твојот контролен панел (cPanel). cPanel претставува контролен панел, на кој може да се најавиш и преку кој може да управуваш со твојот хостинг простор (односно да поставуваш содржини за твојот веб сајт, да креираш бази на податоци или пак да креираш емаил адреси). За креирање на емаил адреси следи ги следниве чекори (доколку наидеш на било каков проблем, слободно контактирај не за помош)
Најави се на твојот cPanel акаунт. За најава користи го следниов линк:
http://imenadomenot.com.mk/cpanel(каде
imenadomenotтреба да го заменш со име на носечкиот домен од хостингот). Доколку не ги знаеш податоците за најава, контактирај не.
Откако ќе пристапиш до контролниот панел од листата насловена
Emailизбери
Email Accounts.
Во новоотворениот прозорец кликни на копчето
CreateПополни ги полињата со емаил адресата, лозинка и посакуваната квота и кликни на
Create.Со оваа постапка успешно си креирал емаил адреса.Доколку сакаш да ги видиш емаил адресите кои ги имаш креирано оди во делотEmail Accountsи таму ги има сите емаилови кои ги имаш успешно креирано.
Креирање на емаил адреса од addon или parked доменПостапката за креирање на емаил адреса од
addonили
parkedдомен е иста со погоре опишаната. Единствено, потребно е конкретните домени да бидат поставени како
addonили
parkedсоодветно, и во паѓачкото мени од делот
Domainво формата за креирање на емаил адреса да го избереш посакуваниот домен.