Управување со именски опслужувачи подразбира промена на авторитетнитеDNSсервери за саканиот домен. Именските опслужувачи овозможуваат поврзување на хостинг со домен и прават една единствена целина. Токму затоа потребно е често да ги ажурираш именските опслужувачи на доменот доколку вршиш честа промена на твојот хостинг. Постапката за промена на именските опслужувачи е следна: Најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.comи кликни наДомени.Откако ќе ти се прикажат сите домени кои ги имаш на профилот, од левата страна на доменот за кој сакаш да направиш промена кликни на копчето како што е прикажано на сликата и избериПромени именски опслужувачи
Во новоотворениот прозорец, постави ги именските опслужувачи на соодветниот хостинг кој го имаш закупено и кликни наЗачувајпромени