Како да поставиш ОоО (Out of Office) порака?
Понекогаш при работењето доаѓаш во ситуации кога заради одсуство или ограничен/воопшто невозможен пристап до твојот емаил, нема да си во можност навремено да реагираш на пораките. Секако би сакал да ги известиш твоите клиенти/соработници, а најдобар начин да го направиш тоа е поставување на OoO (Оut of Office) порака.
Постапката е едноставна и е објаснета во продолжение
- Најпрво најави се во контролниот панел (cPanel). Во делот Email, избери ја опцијата Auto Responders.

- Од новоотворениот прозорец кликни на копчето Add Auto Responder.

- Во празните полиња внеси ги посакуваните параметри.

- За крај кликни Create/Modify, како би ги зачувал промените. Со тоа успешно си креирал порака. Па, следниот пат штом пристигне емаил во твоето сандаче, истиот ќе биде автоматски одговорен со пораката која си ја запишал.