МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
6cPanel

Креирање на бази, додавање корисници во базата и доделување пермисии за секој корисник соодветно

Како корисник на хостинг пакет, може самостојно да креираш бази на податоци преку твојот cPanel акаунт.За успешно креирање на база на податоци преку cPanel акаунт следи ги следниве чекори:Најави се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка.Во делотDatabasesкликни наMySQL Databasesmysql database
Во новоотворениот прозорец имаш можност да креираш бази и да ги гледаш веќе постоечките бази. За креирање на нова база, во делотCreate a New Database, запиши го само името на базата (во нашиот случај името на базата еbaza).Како што може да забележиш пред името на базата, кое сам го одбираш, стои име на доменот (во нашиот случај тоа е mkhost, во твој случај, пред името на базата ќе стои името на твојот домен) и кликни наCreate Database.create databaseНа крај ќе се појави известување дека базата е успешно креирана.Доколку кликнеш наGoBack,во делотCurrent Databasesможе да ја видиш базата која веќе си ја креирал. Во делотActionможе да ја преименуваш или избришеш базата, додека во делотModify Databasesможе да ја провериш исправноста на базата или пак доколку има некој проблем да направишRepair.
modify database
Откако базата е веќе креирана, нареден чекор што можеби сакаш да гo направиш е да додадеш корисници во базата. За додавање корисници воcPanel-Databases - MySQL Databasesво делотMySQL users - Add a New User, треба да го напишеш името на корисникот, да генерираш лозинка која за да ги задоволи безбедносните мерки ќе мора да содржи букви, бројки и специјален карактер и на крај кликни наCreate a User.mysql users - add new user
По креирање на корисникот ќе се појави нов прозорец, известување за успешно креирање на нов корисник.Откако ќе го креираш корисникот, ќе треба да го додадеш во соодветната датабаза. Тоа ќе го направиш во делотAdd a User to Database, каде во делотuserго избираш корисникот кој сакаш да го додадеш, а во делотDatabaseја избираш базата каде што сакаш да го поставиш корисникот. На крај кликаш наAdd.add user to databaseВо новоотворениот прозорецMаnage User Privilegesтреба да одбереш привелегии кои ќе ги доделиш на новододадениот корисник во датабазата. Во нашиот пример одбран е делотAll privilegesи на крај кликни наMake changes.manage user privilegesОткако ќе ги зачуваш промените и се вратиш назад во делотCurrent Databasesможе да ги видиш сите датабази кои досега се креирани како и корисниците кои се додадени во таа база.