МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
2cPanel

Како да додадеш нов Addon и нов Parked домен и што ако истиот е кириличен .мкд домен?

Addon домене целосно функционален домен кој корисникот може самостојно да го креира преку неговиот контролен панел (cPanel). Addon доменот всушност функционира како посебен независен домен од примарниот домен и не дава никакви референци кон примарниот домен. Addon домен се користи доколку сакаш на истиот хостинг да поставиш различна веб страна од онаа примарната веб страна за која е и наменет хостингот. Притоа, новододадената веб страна треба да се постави во истоимениот директориум или во директориумот што си го поставил при додавање на addon доменот.Додавање на Addon доменинструкцииЗа процедурата на додавање на Addon доменот да биде валидна, најпрво потребно е доменот да биде поврзан со хостингот. За тоа е потребно да ги смениш именските опслужувачи (nameservers) на доменот на оние на серверот, доколку истите не ги знаеш ќе ти ги кажеме ние. Доколку доменот е регистриран во МКхост, именските опслужувачи може да ги промениш со најава на кориснички профилportal.mkhost.com, а можеме да ги промениме и ние, доколку ни пишеш од официјалната емаил адреса оставена за контакт. Доколку доменот е регистриран на друго место, потребно е да се обратиш кај регистрарот.Најави се на твојот cPanel акаунт (imenadomen/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинка
Во делотDomainsкликни наAddon Domainaddon доменВо новоотворениот прозорец во делотNew Domain Nameвнеси го името на доменот кој сакаш да го додадеш. Потоа кликни наPassword,генерирај било каква лозинка, истата понатаму нема да ти биде потребна. На крај кликни наAdd Domain.додавање на addon домен
Со тоа целата постапка за генирање на Addon домен е завршена. Новододадениот Addon домен може да отвора посебна веб страна или пак да прави редирект кон друга. Доколку сакаш да направиш редирект кон друга страна, тоа може да го направиш на следниов начин:Addon Domains --> Modify Addon Domain--> Actions --> Manage RedirectionВо новоотворениот прозорецнапиши кон кој домен сакаш да редиректирановиот домен и кликни наSave
Alias доменAlias доменотнајчесто се користи за редирекција или пак за креирање на официјални mail адреси без соодветен хостинг. Alias доменот е дополнителен домен хостиран на акаунтот на корисникот и притоа тој ја појавува содржината на веб страницата на примарниот домен (прави редирекција), притоа за секој alias домен може да се креираат соодветни mail акаунти.Додавање на alias домен инструкцииИ за parked домен важат истите правила како и за addon доменот. Најпрво е потребно доменот да се поврзе со хостингот со промена наименските опслужувачи (nameservers). Доколку МКхост е регистрант на доменот, истите може да ги промениш со најава на кориснички профил нaportal.mkhost.comили да ги промениме ние доколку ни пишеш од официјалниот емаил оставен за контакт. Ако доменот е регистриран на друго место, контактирај го регистрарот на доменот.Логирај се на твојот cPanel акаунт (imenadomenot/cpanel) со соодветно корисничко име и лозинкаВо делотDomainsкликни наAliases.
aliases
Во новоотворениот прозорец во делотCreate a New Aliasнапиши го името на alias доменот и кликниAdd Domain.add-aliases
Со ова постапката за додавање на нов Parked домен е завршена. Притоа доколку се пристапи до parked доменот ќе се појави содржината на веб страната на примарниот домен.Дополнителни инструкции за додавање на кириличен .мкд домен како parked или addon доменДоколку сакаш да додадеш кириличен домен (.мкд) како Parked или Addon домен постапката е иста само што при додавање на името, најпрво ќе треба да го конвертираш кириличното име на доменот на следниов линкhttp://www.punycoder.com/(алатка за конвертирање на Unicode домени во ASCII)На локацијата на овој линк од десна страна напиши го името на кириличниот домен и кликни наConvert to Punycode >>. Од лева страна името на кириличниот домен ќе се конвертира во ASCII карактери. Земи го конвертираното име и постави го во делот каде се поставува името на доменот при додавање на parked или addon домен.
Со ова постапката за додавање на кириличен .мкд домен како parked или addon домен е завршена.