Постојат два начини како може да ја промениш лозинката на твојот хостинг односно cPanel акаунт.
Првиот начин е промена преку cPanel, доколку ја знаеш старата лозинка.
Најави се на твојот cPanel акаунт, tvojotdomen/cpanel, во делотPreferencesкликни наPassword & Security
Во новоотворениот прозорец внеси ја старата лозинка и веднаш под неа внеси нова лозинка со која во иднина ќе се најавуваш на твојот cPanel акаунт и кликни наChange your password now.
Втор начин за промена на лозинка на твојот хостинг е преку твојот кориснички профил.
Најпрво најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.com. Во менито избериХостинги потоа избери го хостинг пакетот за кој сакаш да промениш лозинка.
Во новоотворениот прозорец, во делотcPanel пристапведнаш доЛозинкаима копчеПромени.
Кога ќе кликнеш на копчетоПромени, ќе се отвори нов прозорецПромена на cPanel лозинка, внеси ја новата лозинка и кликни наПромени.
*Лозинката мора да биде најмалку 8 карактери и треба да содржи барем 1 голема буква, 1 бројка и барем 2 специјални карактери.
Со ова лозинката за најава на cPanel ќе биде променета.