1. Доколку МК доменот не биде обновен до датумот на истек, влегува во заштитен период од вкупно 120 дена. Ако доменот по истекот не биде обновен во првите 60 дена од заштитениот период (Grace Period), истиот влегува во втор заштитен период (Redemption Grace Period) кога доменот се брише од примарниот именски опслужувач. По истекување на заштитениот период од вторите 60 дена, доменот се брише автоматски од Регистрарот и станува слободен за регистрација.
2..com домендоколку не биде обновен еден ден пред истекот, истиот престанува со работа на денот на истекот и има заштитен период одвкупно 90 дена. 30 дена по истек (Grace Period) може да се обнови по регуларна цена за обнова, потоа влегува во втор заштитен период (Redemption Grace Period) од уште околу 60 дена и се доплаќа одредена цена за ресторирање на доменот зависно од изминат период на истек на доменот. По истекување на заштитениот период од 90 дена, доменот се брише автоматски од Регистрарот и станува слободен за регистрација.
3..eu .biz .co домениимаат заштитен период од вкупно 40 дена. Доколку истите не се обноват еден ден пред истек, престануваат со работа на денот на истекот и покрај цената за обнова се доплаќа и за ресторација зависно од изминат период на истек на доменот. По истек на заштитениот период, домените се бришат и стануваат слободни за регистрација.
4..rs .co.rs .al .ru .auдомени имаат заштитен период од 30 дена. Доколку домените не бидат обновени за тој период веднаш се бришат и стануваат слободни за регистрација.
5..org.top .fit .travel .design .solutions .online .biz .info .net .pro .tel .xxx .name .cc .tvдомени имаат заштитен период од вкупно 70 дена. 40 дена по истек (Grace Period) може да се обноват по регуларна цена за обнова, потоа влегуваат во втор заштитен период (Redemption Grace Period) од уште 30 дена и се доплаќа одредена цена за ресторирање на доменот зависно од изминат период на истек на доменот. По истекување на заштитениот период од 70 дена, доменот се брише автоматски од Регистрарот и станува слободен за регистрација.
6..ukдомен има заштитен период од 90 дена. Доколку доменот не биде обновен по истек на тие 90 дена истиот нема грејс период за негово ресторирање и истиот се брише.
7. .mobiима заштитен период (Grace Period) од 30 дена кога може да се обнови по регуларна цена, а потоа влегува во втор заштитен период (Redemption Grace Period) од 45 дена и се доплаќа одредена цена за ресторирање на доменот зависно од изминат период на истек на доменот.
8..caдомен има заштитен период од 40 дена од истекот на доменот и се обновува по регуларна цена за обнова. По истекот на заштитениот период доменот се брише од страна на Регистрарот.
9..esдомен има заштитен период од 9 дена од истекот. По истек на овој период доменот се брише.
10..ws .usдомени по истек имаат заштитен период (Grace Period) од 36 дена и за обнова клиентот треба да плати одредена сума за ресторирање на истиот покрај профактурата со регуларна цена за обнова. По истек на заштитениот период домените се бришат.