МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

0Портал

Двојна автентикација (2FA) на твојот кориснички профил

Со цел зголемување на безбедноста на акаунтите на крајните клиенти МКхост воведе опција за овозможување на двојна  автентикација(2FA) при најава на корисничките акаунти.

При наредна најава на МКхост корисничкиот портал веднаш ќе бидеш насочен да ја овозможиш 2FA опцијата и да го направиш твојот акаунт побезбеден

Со овозможување на оваа опција во иднина при секоја најава на корисничкиот портал освен емаил и лозинка за најава ќе треба да се внесе и уникатниот код.

Инстуркции за прво подесување на 2FA 

  1. Најави се на https://portal.mkhost.com со твојот емаил и лозинка. 
  2. По успешна најава веднаш ќе бидеш пренасочен на опцијата на овозможиш 2FA. Во наредниот чекор внеси го твојот телефонски број во формат: +389.7xxxxxxx и почекај неколку минути да ти пристигне СМС порака со уникатен код
  3. Внеси го уникатниот код кој ти пристигна во полето за код и направи овозможување на опцијата

*Кодот во СМС пораката е валиден 5 минути. Доколку не добиеш код пробај да испратиш код повторно или контактирај поддршка.


Доколку при прва најава не се сетирал 2FA истото може да се направи после најава во корисничката сметка со твојот емаил и лозинка. 

1. Инструкции за сетирање на 2FA преку корисничка сметка:

  1. Кликни на твоето име па потоа на дел Моја сметка
  2. Отиди во делот Безбедност → Активирај → Двојна автентикација 
  3. Внеси го твојот телефонски број, почекај СМС и внеси го уникатниот код добиен преку СМС

*Кодот во СМС пораката е валиден 5 минути. Доколку не добиеш код пробај да испратиш код повторно или контактирај поддршка.

Доколку во иднина сакаш или имаш потреба можеш да го промениш телефонскиот број кој е поврзан со 2FA.

Инструкции за промена на број на 2FA 

  1. Најавете се на вашиот акаунт со корисничко име, лозинка и уникатниот код
  2. Кликни на твоето име па потоа на дел Моја сметка --> Безбедност
  3. Внеси го новиот телефонски број и кликни на зачувај ги промените 
  4. Внеси го СМС кодот кој ќе ти пристигне на новиот телефон . Со тоа промената ќе е направена и при идни најави уникатниот код ќе пристигнува како СМС на новиот телефонски број

*Кодот во СМС пораката е валиден 5 минути. Доколку не добиеш код пробај да испратиш код повторно или контактирај поддршка.

 

2. 2FA со Google Authenticator

Откако ќе се најавиш на корисничката сметка на Мкхост кликни на опцијата Google Authenticator и потоа соодветно преземи ја апликацијата.

Доколку веќе ја користиш оваа апликација кликни на Продолжи.

Преку апликацијата скенирај го прикажаниот QR код.

За да се потврди поврзувањето со Google Authenticator треба да го внесеш 6-цифрениот код генериран од твојата Google Authenticator апликација.

Потоа кликни на Верифицирај и при секоја следна најава освен емаил и лозинка ќе биде потребно да го внесеш и 6-цифрениот код од Google Authenticator апликација.

 

3. 2FA со Microsoft Authenticator

Откако ќе се најавиш на корисничката сметка на Мкхост кликни на опцијата Microsoft Authenticator и потоа соодветно преземи ја апликацијата.

Доколку веќе ја користиш оваа апликација кликни на Продолжи.

Преку апликацијата скенирај го прикажаниот QR код.

За да се потврди поврзувањето со Microsoft Authenticator треба да го внесеш 6-цифрениот код генериран од твојата Microsoft Authenticator апликација.

Потоа кликни на Верифицирај и при секоја следна најава освен емаил и лозинка ќе биде потребно да го внесеш и 6-цифрениот код од Microsoft Authenticator апликација

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.