Промена на плаќач на услуга и профактура
Поради честата потреба профактурите за услуги закупени на твојот акаунт да гласат на различни коминтенти за плаќање (правни и физички лица) направивме надоградба на услугата промена на плаќач на профактура.
Досега секоја генерирана профактура гласаше на дифолтниот плаќач(оној на кого гласи акаунтот) со можност кога е веќе генерирана профактурата да се промени плаќачот односно коминтентот на кого ќе гласи.
Сега одиме чекор напред каде што не освен што може да смениш плаќач на веќе генерирана профактура туку можеш и однапред твоите услуги да ги поврзеш со одреден плаќач за да во иднина сите профактури за тие услуги гласат автоматски на селектираниот плаќач.
Управување со плаќачи
Во менито во делот за Плаќања сега има подмени од каде може да изберете Шаблони за плаќачи каде има 2 таба
Додавање на нов плаќач
Од менито избери Плаќања → Шаблони → Додади нов плаќач → Внеси ги потребните податоци за плаќачот → кликни на Креирај нов плаќач.

Измена на податоци за постоечки плаќач
Од менито избери Плаќања → Шаблони → најди го плаќачот што сакаш да го промениш и од делот за Акции кликни на Edit (пенкалцето).

Бришење на плаќачи:
Од менито избери Плаќања → Шаблони → селектирај ги плаќачите што сакаш да ги избришеш (дифолниот плаќач не може да се избришете) и во долниот дел на страната кликни на Избриши

Поврзување на услуги со одреден плаќач
Од менито избери Плаќања → Шаблони → избор на таб Поврзани услуги со шаблони за фактурирање → најди ја и селектирај ја услугата која сакаш да ја поврзеш → во долниот дел од page-от избери го од drop down менито плаќачот кој го сакаш и кликни на Додели плаќач

*Во иднина сите профактури генерирани за оваа услуга ќе гласат на соодветно поврзаниот плаќач. Профактурите автоматски ќе се испраќат на основиот главен емаил на акаунтот и на емаил-от на соодветниот плаќач.
Процедура за промена на плаќач кај неплатена профактура
1.Промена на плаќач на профактура



2. Доколку е потребно да креираш нов плаќач:
Кликни на Креирај нов плаќач со податоци за плаќање.


Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.