МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
15Домени

Промена на податоци на домен и промена на сопственост (регистрант)

1.Промена на одредени податоци на домен

Доколку сакате да направите променасамо на одредени податоци на регистрантот(е-маил адреса, седиште, телефонски број) или наадминистративен и технички контактна доменот (име и презиме, е-маил адреса, седиште, телефонски број), потребно е:

  1. Да го преземете и пополните барањето кое може да го најдете[тука].
  2. Да го означите полето„Промена на податоци за доменот“.
  3. Да ги пополните празните полиња со точни податоци.
  4. Да го доставите барањето на еден од начините објаснети подолу. -Методи на доставување на барањето

2.Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

За да се изврши промена на сопственост на домен (регистрант)  потребно е да ни испратите две барања:

  1. Едно барање со податоци одмоменталниот сопственик  (регистрант).
  2. Едно барање со податоци одновиот сопственик (регистрант).

Барањата можете да ги преземете и пополните од[тука].

На барањето задолжително означете го полето за„Промена на регистрант“

Откако ќе ги добиеме валидни барањата, сопственоста на доменот ќе биде променета, а вие веднаш ќе бидете известени по е-маил.

Важно:Промена на сопственост и промена на одредени податоци на доменот не се наплаќа. Новиот регистрант ќе биде одговорен за правата на доменот и обнова на истиот во иднина.

3.Методи на доставување на барањето

3.1 Дигитално потпишување со КИБС, Телеком и Евротраст

Барањето може да се потпише дигитално со валиден електронски потпис издаден од:

  • КИБС
  • Телеком
  • Евротраст

Оваа опција е достапна и заправни субјекти и за физички лица.Ако не поседувате дигитален потпис од КИБС или Телеком, можете да користитебесплатен потпис преку апликацијата Евротраст. Потребно е:

  1. Да ја преземете апликацијата „Евротраст“ на вашиот уред.
  2. Да се регистрирате во апликацијата.

Дигитално потпишано барањето доставете го наdomains@mkhost.com.mk

  • За правни субјекти– барањето мора да биде потпишано од овластено лице, согласно тековната состојба на компанијата.
  • За физички лица– барањето мора лично да биде потпишано од сопственикот на доменот.

3.2 Лично доставување

Барањето може да се достави лично на една од нашите локации. Оваа опција е достапна и заправни субјекти и за физички лица.

  • Карпош (кај студентскиот дом „Гоце Делчев“)
  • Кисела Вода (ул. Борис Трајковски бр. 1 – Рампа)
  • Центар (кај ЗОИЛ)
  • Аеродром (кај Капитол Мол)

Контакт информации можете да побарате од корисничка поддршка, пишете ни наdomains@mkhost.com.mk

Важно: Доколку регистрант на доменот е физичко лице барањето мора да е доставено од лицето регистрант-сопственик на доменот лично со личен документ на увид.

3.3 Доставување преку курирска служба (Карго)

Оваа опција е достапнасамо за правни субјекти.

  1. Испечатете го и потпишете барањето.Барањето мора да биде потпишано од овластено лице, согласно тековната состојба на компанијата
  2. Пред да го испратите, пишете ни наdomains@mkhost.com.mkза да ви ги доставиме точните адресни податоци и телефон за контакт.
  3. Заедно со барањето, задолжително доставете итековна состојба не постара од 6 месеци.