При креирање на емаил адреса преку твојот cPanel акаунт имаш можност да подесиш квота за истата. Односно максимална дозволена големина која емаил адресата би можела да ја користи од хостинг просторот. Кога квотата ќе биде исполнета потребно е истата да се зголеми или да се избришат непотребни емаил пораки. Доколку се одлучиш за промена на квотата на одредена емаил адреса следи ги инструкциите подолу:
Најави се на твојот cPanel акаунт и во делотEmailкликни наEmail Accounts
Во новоотворениот прозорец пронајди ја адресата за која сакаш да ја промениш квоатата (или онаа емаил адреса чија квота е исполнета - прикажана со црвена боја) и кликни на копчетоManage
Во делотStorage - Allocated Storage Spaceвнеси нова (поголема/помала квота за дадената емаил адреса или пак сетирај ја истата да имаUnlimitedквота што би значело дека дадената емаил адреса може целосно да ги користи слободните ресури за хостинг акаунтот). На крај кликни наUpdate Email Settings
Со ова промената на квота на емаил адресата е успешно завршена.