Постапка за бришење на за .mk домени:
Доколку имаш активен домен регистриран во MKhost и истиот повеќе не ти е потребен, можеш да поднесеш барање за бришење на доменот.
За да го избришете доменот, потребно е да го пополнитебарањето за бришење на домен, кое можете да го превземете одтукаШтиклирајте го полето „Бришење на домен“
Важно е да ги внесете точните податоци за регистрантот, како што се прикажани во WHOIS на доменот. За проверка, користете го следниот линк:whois
Друга опција е можете да ни пишете на емаилdomains@mkhost.com.mkи ние ќе ви го испратиме пополнето барањето, кое може да го потпишете дигитално со КИБС, Телеком или со Евротраст.
Начини на потпишување и доставување:
- Дигитално потпишувањеДоколку поседуваш дигитален потпис, барањето може да се потпише електронски и да се достави на:domains@mkhost.com.mk
Дигиталното потпишување може да се изврши:
- прекуЕвротрастили
- соКИБС и Телеком - дигитален потпис.
Барањето за регистрација на домен може да се потпише дигитално со валиден електронски потпис издаден одКИБС,ТелекомилиЕвротраст.Оваа опција е достапна и заправни субјектии зафизички лица.
Потпишување преку Евротраст
Доколку не поседувате дигитален потпис од КИБС или Телеком, можете да го користите бесплатниот дигитален потпис преку апликацијатаЕвротраст. Потребно е:
- Да ја преземете апликацијатаЕвротрастна вашиот уред
- Да се регистрирате во апликацијата
- Пишете ни на емаил:domains@mkhost.com.mkНие ќе ви го испратиме барањето за бришење на домен пополнето, Вие само потребно е да го потпишете дигитално со КИБС, Телеком или Евротраст.
Важно:
- Заправни субјекти, барањето мора да биде потпишано одовластено лице, согласно тековната состојба на компанијата.
- Зафизички лица, барањето мора да биделично потпишаноод лицето на чие име се врши регистрацијата.
2. Лично доставување
Барањето може да се доставиличнона една од нашите локации. Оваа опција е достапна и за правни субјекти и за физички лица.
Локации:
- Карпош – кај Студентски дом „Гоце Делчев“
- Кисела Вода – ул. Борис Трајковски бр. 1 (Рампа)
- Центар – кај Зоил
- Аеродром – кај Капитол Мол
- Доколку регистрантот е правно лице:Барањето мора да биде потпишано и заверено со печат од компанијата
- Доколку регистрантот е физичко лице:Пополнетото барање мора да се достави лично, со лична карта на увид, на една од нашите локации.
За контакт информации и работно време, обратете се до корисничка поддршка на: domains@mkhost.com.mk
3. Испраќање преку курирска служба (карго)
Барањето за регистрација на домен може да се достави преку курирска службаисклучиво од правен субјект.Оваа опцијане е достапна за физички лица.
Постапка:
- Испринтајте и пополнето го барањето со податоците whois
- Барањето мора да биде потпишано од овластеното лице наведено во тековната состојба и заверено со печат од компанијата.
- Пред испраќање преку курирска служба, задолжително контактирајте не наinfo@mkhost.com.mkза да ви го доставиме точниот адресен податок и телефон за контакт
- Заедно со барањето, потребно е да доставите итековна состојба не постара од 6 месеци.
Постапка за бришење на интернационални домени:
Kaj интернационалните домени не е потребно пополнување и потпишување барање за бришење.
Потребно е:
- Да се испрати емаил за бришење на доменот од емаил адресата на регистрантот доdomains@mkhost.com.mk, по што доменот ќе биде избришан согласно процедурите.
⚠️ Барањето испратено за бришење на доменот од емаил адреса која не припаѓа на регистрантот нема да бидат обработени.