Овој артикал ги објаснува правилата и условите за регистрација на националните.mk домени, согласно правилникот наМАРнет.
Во зоната.mkпостојат:
.mk
.gov.mk
.edu.mk
.org.mk
.com.mk
.net.mk
.inf.mk
Може да регистрираат:
Физички лица со живеалиште или престојувалиште во Северна Македонија
Правни лица регистрирани во Северна Македонија
Странски правни лица (со соодветна регистрација во својата држава)
Наменет и може да се регистрира од страна на:
Органи на државна управа
Јавни институции
Јавни претпријатија
Општини и Град Скопје
Наменет и може да се регистрира од страна на:
Образовни институции
Научноистражувачки установи
Странски образовни институции со дозвола за работа во РСМ
Наменет и може да се регистрира од страна на:
Непрофитни организации
Здруженија и фондации
Политички партии
Синдикати
Јавни и приватни здравствени установи
Амбасади и странски непрофитни организации со законска дозвола
Наменет и може да се регистрира од страна на:
Трговски друштва
Самостојни вршители на дејност
Комори и задруги
Финансиски организации
Сите правни и физички лица регистрирани за вршење стопанска дејност
Името на доменот мора да ги исполнува следните услови:
Дозволени карактери:
латинични букви (a–z)
броеви (0–9)
тире (-)
Должина:2 до 63 карактери
Не е дозволено:
да започнува или завршува со тире
да содржи две последователни тириња
* Исклучок: Домен од 1 карактер е дозволен само за заштитена трговска марка или бренд.
При регистрација задолжително се доставува барање за регистрација на домен кое мора да ги содржи следниве информации:
Име на домен
Име и презиме (за физичко лице) или назив на фирма (за правно лице)
Адреса
Единствен даночен број (за правни лица)
Email адреса
Административен контакт
Технички контакт
Најмалку 2 именски сервери (nameservers)
Барањето за домен треба да се достави на два начини:
Увид во лична карта или пасош или
Електронска идентификација согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и подзаконските акти кои произлегуваат од овие закони.
Документ за регистрација од надлежен регистар
Дополнителна дозвола (за .gov.mk, .edu.mk, .org.mk кога е потребно)
Домените се регистрираат од1 до 10 години
Може да се продолжат пред истекување
Бројот на домени по корисник е неограничен
60 дена заштитен период (без можност за измени)
По 120 дена целосно се брише и станува слободен за регистрација
Регистрантот е должен:
Да достави точни податоци
Да пријави промена на податоци во рок од 8 дена
Да ги одржува активни контакт email адресите
Да не повредува права од интелектуална сопственост
Можни се:
Промена на контакт податоци
Промена на регистрант (со согласност или судска одлука).Доколку е со согласнот процедурата е опишана на следниовлинк
Промена на регистратор
* Името на регистриран домен не може да се менува.