МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

3Домени

Промена на информации за административен и технички контакт

При регистрација на домен потребно е да поставиш податоци за административен и технички контакт. Тоа се контакти кои покрај регистрантот, може да бараат и да прават технички или административни промени на доменот. Административниот и техничкиот контакт мора да се физички лица.

Доколку како регистрант на доменот имаш потреба да ги промениш овие контакти за истото е потребно барање поднесено од страна на регистрантот. 

Промена на административен и/или технички контакт кога регистрант е физичко лице:

  1. Превземи го барањето за промена на податоци од тука
  2. Пополни го со исти податоци на кои моментално е регистриран доменот. Во делот бара да се изврши одберете: промена на податоци за доменот
  3. На втората страна внеси ги новите податоци за административен и технички контакт (мора да е физичко лице)
  4. Достави го барањето до МКхост на еден од следниве начини: 
    1. Дигитално потпишано од страна на сопственикот - регистрантот на доменот ( КИБС сертификат , Телеком дигитален потпис или Евротраст ) на емаил info@mkhost.com.mk
    2. Лично достави го барањето на една од локациите на МКхост. Јави се најпрво за достапни локации за достава на 02 2779 444 локал 1. Во случај на лична достава, ако регистрантот е физичко лице физичко лице мора лично да дојде на локација со барање и личен документ на увид

Промена на административен и/или технички контакт кога регистрант е правно лице:

  1. Превземи го барањето за промена на податоци од тука
  2. Пополни го со исти податоци на кои моментално е регистриран доменот. Во делот бара да се изврши одберете: промена на податоци за доменот. 
  3. На втората страна внеси ги новите податоци за административен и технички контакт (мора да е физичко лице)
  4. Имај тековна состојба не постара од 6 месеци од правното лице сопственик-регистрант.
  5. Достави го барањето и тековната состојба до МКхост на еден од следниве начини: 
    1. Дигитално потпишано од страна на овластено лице на правното лице сопственикот - регистрантот на доменот ( КИБС сертификат , Телеком дигитален потпис или Евротраст ) на емаил info@mkhost.com.mk
    2. Достави го барањето по карго на адреса: Бул: Борис Трајковски бр 1 телефон за контакт 022779 444 локал 1
    3. Лично достави го барањето на една од локациите на МКхост. Јави се најпрво за достапни локации за достава на 02 2779 444. 

По успешно доставено барање МКхост администратор ќе ја направи бараната промена и ќе ве извести на емаил за истата.

 

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.