МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои може многу едноставно да ги инсталираш и да ги користиш при креирање на твојот веб сајт. Користејќи гоSoftaculous(автoматскиот инсталатор на апликации) секој корисник на хостинг пакет кај нас може многу едноставно да инсталира WordPress со само неколку клика.
Инструкции за инсталирање на WordPress преку Softaculous:Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинкаВо делотSoftaculous Apps Installerкликни наWordPress
Во новоотворениот прозорец кликни на таботInstallза да започнеш со инсталацијата (во другите табови може да прочиташ повеќе околуWordPress)На следната отворена страница пополни ги деталите за да започнеWordPressинсталацијата
Со тоа WordPress инсталацијата ќе започне. За неколку минути ќе добиеш порака на екранот која ќе те извести дека WordPress инсталацијата е успешна. Исто така ќе се прикаже и линкот за најава на твојот WordPress. Тука ќе се најавиш со твоето корисиничко име и лозинка кои ги внесе при инсталацијата на WordPress. Откако успешно ќе се најавиш ќе ја забележиш темата која си ја одбрал дека е успешно инсталирана.