Постапката за редиректирање на даден домен кон друг преку cPanel е следна:
Најави се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка.Откако успешно ќе се најавиш, во делотDomainsкликни наRedirects
Во новоотворениот прозорец најпрво избери дали редирекцијата на доменот сакаш да биде перманетна или привремена.Во делотredirectsнапиши го доменот кон кој сакаш носечкиот доменот да биде редиректиран.Избери дали сакаш доменот да се редиректира и со www пред него, без www или со и без www. На крај кликни наAdd
Доколку имаш активен хостинг во друга хостинг компанија, а доменот е регистриран кај нас, редирекција на доменот може да направиш преку твојот кориснички профил. Постапката може да ја видиш на овојлинк.