Поддомен
Поддоменот (Subdomain) претставува проширување на примарниот домен кој може самостојно да го креираш преку твојот cPanel. Поддоменот се користи доколку на истиот хостинг сакаш да поставиш нов, независен веб сајт, но не ти е потребен различен домен од примарниот. Доколку главниот домен е domen.mk, поддомените ќе ги препознаеш како додавка на главниот домен, на пример: poddomen1.domen.mk, poddomen2.domen.mk и слично. До поддоменот може да пристапиш преку poddomen.domen.mk или domen.mk/poddomen. Дополнително, за секој креиран addon домен, автоматски се креира негов поддомен.
Инструкции за креирање на поддомен
Најави се на твојот cPanel со соодветно корисничко име и лозинка и во делот Domains кликни на Subdomains
Во новоотворениот прозорец во делот Subdomain внеси го името на поддоменот кој сакаш да го креираш.
Доколку имаш повеќе активни домени на твојот хостинг, од паѓачкото мени од делот Domain, избери го доменот за кој ќе го креираш поддоменот.
Во делот Document Root постави ја патеката каде сакаш да биде креиран фолдерот на поддоменот, каде ќе го поставиш твојот веб сајт. На примерoт даден на сликата, фолдерот на поддоменот proba.mkhost.com е сместен во public_html фолдерот. Доколку не го пополниш Document root полето, тоа автоматски ќе биде пополнето и фолдерот на поддоменот ќе биде во home директориумот (/).
На крај кликни на копчето Create.

Со ова постапката за креирање на поддомен е завршена.
Имај во предвид дека по креирање на одреден поддомен треба да почекаш да се рефрешираат ДНС зоните (некогаш е можно да не е достапен веднаш на интернет).
Подесувања на одредени измени на креиран поддомен
На веќе постоечки поддомен може да направиш одредени измени. За да ја смениш патеката, најпрво пронајди го поддоменот во делот Subodomains - Modify a Subdomain, во делот Document Root кликни на иконата за едитирање.
Во новоотворениот прозорец внеси ја новата патека. Потоа, кликни на копчето Change.
Доколку сакаш поддоменот да редиректира кон друг домен, кликни на копчето Manage Redirection и внеси го линкот до кој сакаш поддоменот да редиректира и кликни на копчето Save