FTP (File Transfer Protocol) е протокол чија функција е комуникација и размена на податоци помеѓу тебе (клиент) и сервер. Како клиент може да поставуваш, превземаш, бришеш, преименуваш, преместуваш и копираш податоци од серверот. Најпрво потребно е да се најавиш на серверот, за што потребен ти е FTP акаунт и комуникацијата може да започне.
Користење на предефинираниот FTP accountКако клиент имаш свој предефиниран FTP акаунт, а username и лозинката се истите кои ги користиш при најава на cPanel. Доколку се најавиш со овие податоци поврзувањето е на локација -
Home.Доколку немаш потреба од други акаунти, најдобро е да го користиш овој предефиниран FTP акаунт. Креирањето на дополнителни FTP акаунти и поврзувањето со серверот е објаснето подолу.
Креирање на FTP account- Најави се на твојот cPanel акаунт
- Во делотFiles,кликни наFTP accounts

- Пополни ги полињата:- корисничкото име со кое ќе се најавуваш. При најава, потребно е да го напишеш корисничкото име заедно со името на доменот (во случајов proba@mkhost.com)- лозинка за најава- директориумот кон кој ќе се овозможи пристап.
- Кликни наCreate FTP Account

Во делот
FTP Accountsможе да ги видиш досега креираните акаунти и да ја смениш лозинката, квотата, да го избришеш акаунтот или да го симнеш конфигурацискиот фајл преку кој ќе може да го поставиш FTP клиентот. Оваа опција е подетално објаснета подолу во туторијалот.
Поврзување на клиентот со серверотЗа да се овозможи комуникацијата со серверот, потребно е да имаш инсталирано FTP клиент - софтвер преку кој ќе го овозможиш поврзувањето. Во овој туторијал ќе биде разгледана комуникацијата преку
FileZillaклиентот, поконкретно ќе бидат објаснети двата начини на пристап - преку предефинираниот и новокреиран FTP account.
Поврзување преку предефинираниот FTP accountРачно испишување на податоцитe
За брза конекција со серверската страна, потребно е само во делотHostда се испише името на доменот, серверот или неговата IP адреса (овие податоци ќе ти бидат испратени на емаил), воusernameнапиши го корисничкото име на твојот хостинг, а воpasswordистата онаа лозинка која ја користиш за најава на cPanel. Потоа кликни наQuick Connectи комуникацијата ќе биде воспоставена.
Поврзување со новокреиран FTP accountПоврзувањето со новокреиран FTP account може да се изврши на два начини - преку конфигурацискиот фајл и рачно:
- Поврзување преку конфигурацискиот фајл
За овој начин на поврзување, потребно е да го превземеш конфигурацискиот фајл во делот на веќе креирани FTP акаунти од cPanel.
Кога си веќе најавен на cPanel, во делотFilesизбериFTP Accounts. ВоSpecial FTP Accountsкликни наConfigure FTP Clientза конкретното корисничко име и со клик наFTP Configuration Fileавтоматски ќе започне превземањето на конфигурацискиот фајл. Забележи каде е зачуван фајлот, кој подоцна ќе биде вметнат при поставувањето на клиентот во FileZilla.
Отвори FileZilla. Преку
File - Import, вметни го претходно превземениот фајл.За да се конектираш на серверот кликни на
File - Site Managerи избери ја конкретната конекција. Потоа конектирај се со клик на
Connectи внеси ја претходно креираната лозинка.
- Поврзување преку рачно испишување на податоците
За да се поврзеш на овој начин, потребно е во делотHostда го напишешимето на доменот, серверот или неговата IP адреса.Овие податоци ќе ти бидат испратени на емаил. Во делотusernameпотребно е да го напишеш корисничкото име и лозинката, како и портата за конекција (21 за основната, а 22 за заштитена комуникација). Потоа кликни наQuick Connect.Комуникација преку клиентот и серверотВо левиот дел е претставен клиентскиот дел, а во десниот се излистани директориумите и фајловите на конектираниот сервер.Поставувањето веќе постоечки фајлови/директориуми се врши преку drag and drop - само се зема дадениот фајл од клиентискиот (лев) дел и истиот се 'влече' до серверскиот дел.Превземањето на фајл/директориум од серверскиот дел се врши со десен клик и опцијата
Download.На ист начин се врши и бришење, преименување, копирање како и креирање нов директориум или фајл.За да се дисконектираш од серверот, само кликни на
Server - Disconnect.Проблеми со конекцијата помеѓу клиентот и серверотДоколку има повеќе конекции, без разлика дали е од истиот акаунт или од друг, може да настане проблем со преголем број конекции. За да се елимира овој проблем потребно е да се најавиш на cPanel и да кликнеш на
FTP Connections.

Во делот
Current Connectionsсе излистани сите моментални конекции. За да дисконектираш непотребни конекции, кликни на
Disconnectза конкретниот акаунт.