МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
3cPanel

Како да креираш веб сајт преку Site Publisher

На твојот кориснички профил има различни функционалности и поставки за твојот хостинг. Една од нив еSite Publisher(Креатор на веб сајт) преку кој може со неколку клика да креираш едноставен веб сајт. При користењето на овој интерфејс, потребно е само да го одбереш посакуваниот темплејт и да го внесеш текстот кој ќе биде прикажан на веб сајтот.Користење на Site PublisherНајави се на твојот cPanel акаунт, во делотDomainsкликни наSite Publishersite publisher

Во новоотворениот прозорец потребно е да го избереш доменот за кој ќе го креираш веб сајтот. Дополнително, во делотSearchможе да го пребараш доменот. Потоа, одбери го доменот со кликање на иконата за селекција.

Во вториот чекор, избери темплејт за твојот веб сајт. Во зависност од потребите, има неколку понудени темплејти. За избор, само кликни на сликата

site publisher template

Во зависност од избраниот темплејт, во следната форма треба да пополниш различни информации. Дел од нив се наслов, опис на веб сајтот, име/име на фирма, адреса, телефонски број, емаил, facebook профил и слично. Пополни ги податоците и кликни наPublish.customize and publish template

Во последниот чекор опционално може да го прилагодиш веб сајтот преку поставување фајлови на тој веб сајт, креирање емаил или нов веб сајт. Само кликни на некој од линковите и ќе бидеш редиректиран до локацијата каде ќе може да се извршат тие операцииsite publisher последен чекор

Доколку за доменот за кој го поставуваш веб сајтот веќе има постоечки фајлови/директориуми, за истите ќе биде извршен backup. Ако во директориумот има фајлови/директориуми со исто име како и новите кои се поставуваат, тие ќе бидат презапишани.