МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
2Веб Хостинг

Промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress

Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои најчесто ги користиме за промена на името на доменот за дадена WordPress инсталација. Тоа значи промена на твојот веб сајт од old_domain.com да премине, т.е. да се преименува во new_domain.com. Оваа промена важи и доколку сакаш да ги промениш линовите од http://domainname.com во https://domainname.com, т.е. да ги промениш линковите да имаат вклучен secured протокол. За оваа промена да биде валидна треба да имаш инсталирано SSL сертификат на твојот хостинг.
Доколку правиш миграција на содржините на хостингот од еден на друг фолдер, најпрво биди сигурен дека содржината на веб страната е поставена и дека базата е поврзана со хосингот. Овој чекор не е потребен доколку сакаш само промена на името на доменот на постоечкиот веб сајт. (http->https или само промена на име).Најави се на твојот cPanel. Во делотDatabasesкликни наphpMyAdmin
Селектирај ја базата која се однесува на веб сајтот. Кликни наwp_postsи ќе забележиш дека моменталните постови се со линкови old_domain.com (во делотguidстои стариот линк). Потоа кликни на делотSQLкако што е прикажано на сликатаsql
Во делот SQL постави го следниов код:UPDATEwp_postsSET guid = REPLACE( guid, "olddomain.com/wordpress", "www.newdomain.com" );Делот означен со Bold треба да го промениш зависно твоите потреби. Wp_posts треба да биде променето во зависност од името на базата, во случајот тоа е името: mkhost_wp420Во продолжение слика како би изгледал query-то за овој случај:
sql Wp_posts
Потоа кликни на копчетоGoво десниот дел од прозорецот и со тоа линковите во wp_posts треба да се променети.Доколку станува збор за промена на линковите одhttpвоhttps,промената би била одhttp://domen.comвоhttps://domen.com
Најави се на администраторскиот панел на твојот сајтolddomain.com/wp_admin. Потоа во делотPlugins - Add Newинсталирај го и активирај го следниот плагин:Velvet Blues Update URLspluginПо активацијата кликни наTools ->Update URLsи направи ги следните промени:update urls
Со тоа линкот на постовите, страните, линковите, медиа фајловите ќе бидат променети.Во администраторискиот дел кликни наSettings -> General. Потоа напиши го новиот линк во деловитеWordPress Address (URL)иSite Address (URL)и кликни наSaveChanges.Со тоа се финализира автоматската промена на линкови.
Напомена:Доколку во твојот веб сајт постојат рачно додадени линкови, оваа автоматска промена нема да направи update на истите. Потребно ќе биде да се направи рачна промена во кодот.