INFO : Подобрен систем за онлајн плаќање - Со цел побрзо и побезбедно плаќање, воведовме нов систем за плаќање со платежни картички преку NLB Банка, согласно највисоките безбедносни стандарди.INFO : Подобрен систем за онлајн плаќање - Со цел побрзо и побезбедно плаќање, воведовме нов систем за плаќање со платежни картички преку NLB Банка, согласно највисоките безбедносни стандарди.

Пракса со можност за вработување - Агент за техничка поддршка (Customer Support Agent)

МКхост, водечки македонски хостинг и веб провајдер, го проширува својот тим и нуди 3-месечна платена пракса со можност за вработување на позицијата Агент за корисничка поддршка.

Оваа пракса е наменета за кандидати кои веќе започнале кариера во IT индустријата и сакаат да стекнат практично искуство со реални системи и да научат како функционира професионална техничка корисничка поддршка.
Нудиме стабилна средина за учење во IT индустрија, целосно remote пракса и можност за континуиран професионален развој. Работиме во динамична и технички ориентирана средина каде се вреднува тимска работа, иницијатива и континуирано учење.

Главни одговорности

Обезбедување професионална и навремена поддршка за корисници преку телефон, e-mail и ticketing систем

Анализа и идентификација на проблеми, со нудење точни и ефективни решенија со помош на тимот

Учество во автоматизација на процеси и извршување задачи поврзани со Linux сервери (под менторство)

Следење на интерни процедури, политики и стандарди за комуникација

Поддршка на продажни активности (pre-sales leads и upsell)

Контакт со нови и постоечки клиенти за презентација на услуги

Континуирано учење и надградување на знаења за услугите и технологиите

Градење доверба и долгорочен однос со клиентите

Одржување професионална и смирена комуникација, особено при инциденти

Како се оценува напредокот?

Успешноста за време на праксата се мери преку:

квалитет и јасност на комуникацијата со корисници

брзина на учење и адаптација

проактивност, иницијатива и одговорност

учество со идеи за подобрување на процеси

задоволство на клиентите

Потребни квалификации

Одлични комуникациски вештини (активно слушање, јасно изразување, емпатија)

Способност за самостојна и тимска работа

Основно познавање и проактивно учење и запознавање на:

Домени и DNS

Веб хостинг и сервери

Linux и/или Windows серверски околини

Основи на Python и/или Bash скриптирање за автоматизација

Способност за брзо учење и адаптација

Што ќе научиш?

Основи на хостинг, домени и DNS системи

Работа со cPanel / Plesk

Основи на Linux и серверска инфраструктура

Решавање реални технички проблеми

Комуникација со клиенти во професионална IT средина

Работа во support тим и ticketing системи

Основи на автоматизација на процеси (automation)

Користење на AI алатки и агенти за автоматизација и оптимизација на процеси

Примена на AI во секојдневни задачи (поддршка, анализа, оптимизација на workflow)

Предност ќе имаат кандидати со:

Студенти или дипломци од технички факултети (Информатика, Компјутерски науки, Електротехника или слични области)

Кандидати во завршна година од студии или при крај со факултет

Основно или средно познавање на веб технологии и интернет инфраструктура

Претходно искуство или запознаеност со:

хостинг и домени

DNS системи

Linux или Windows сервери

cPanel или Plesk

Основно разбирање на HTTP, MySQL, SSH, IMAP или слични технологии

Силна желба за учење и развој во IT индустријата

Проактивен пристап, одговорност и интерес за технички проблеми

Што нудиме?

3-месечна целосно remote пракса од дома

Платена пракса – 12.000 МКД месечно (нето)

Можност за вработување по успешно завршена пракса

Менторство и структурирана обука

Работа во реална IT средина со искусен тим

Влез во професионална IT индустрија и реални проекти

🚀 Аплицирај сега!

Испрати:

CV

и/или линк до портфолио или GitHub на: jobs@mkhost.com.mk со наслов: Пракса за техничка поддршка

🕒 Краен рок за аплицирање: 10.06.2026

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување.

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00, работата се одвива од дома.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Пракса за техничка поддршка“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 10.06.2026. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.