Како корисник на услугите на МКхост имаш свој кориснички профил од каде може да управуваш со своите услуги и да закупуваш нови.
Во било кое време може да направиш промена наситеподатоци на својот кориснички профил,освенпромена на емаил адреса.
За промена на емаил потребно е да ни пишеш на info@mkhost.com, од маилот кој е веќе поставен на корисничкиот профил, а потоа ние ќе ја направиме промената.
Останатите промени на корисничкиот профил како име, презиме, адреса или телефонски број може да ги направиш следејќи ги инструкциите прикажани подолу:
Најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.com
Откако ќе се најавиш како клиент, во делотМоја Сметкакликни на копчето прикажано на сликата:
По кликање на копчето, ќе се отвори нов делПромени општи информации.
Доколкукорисничкиот профиле на физичко лице, тука ги внесуваш новите податоци кои сакаш да бидат променети и кликниЗачувај.
Може да се направи и промена накориснички профилод физичко на правно лице и обратно.
Доколку профилот е на физичко лице, а сакаш да додадеш компанија, постапката е иста. Разликата е во тоа што треба да кликнеш наКомпанија,ќе внесеш име на компанија и даночен број и потоа кликаш наЗачувај.