Доколку имаш потреба да ги препратиш пораките од твојот кон останатите надворешни акаунти, потребно е да поставишEmail Forwarders. Тоа може да го направиш на следниов начин:
Најави се на cPanel и во делотEmailизбери ја опцијатаForwarders.
Во новоотворениот прозорец кликни на копчетоAdd Forwarder.
Следно што треба да направиш е да ги пополниш соодветно полињата кои се прикажани.Во полетоAddress to Forward, напиши ја емаил адресата за која сакаш да направиш forward на пораките.Во полетоForward to email address, внеси ја емаил адресата до која сакаш да оди forward на пораките.На крај кликни на копчетоAdd Forwarder.
Со тоа си ја завршил постапката. Наредниот пат кога ќе биде пратена порака до адресата на која си направил forward, истата порака ќе пристигне на адресата до која се прави forward (односно целната адреса). Така нема да мора да ги проверуваш сандачињата за емаил на двете адреси, наместо тоа доволно ќе биде да го провериш сандачето од целната адреса.*Истата постапка може да ја примениш и на цел домен наместо на единечна адреса*