МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

0Портал

Начини за метод на достава на барање за регистрација на домен

При регистрација на домен, потребно е да доставите потпишано барање. Постојат неколку методи за достава на ова барање:

Достапни методи за достава:

1. Дигитално потпишување со КИБС, Телеком и Евротраст 

  • Барањето за регистрација на домен може да се потпише дигитално со валиден електронски потпис (издаден од КИБС, Телеком или Евротраст). Оваа опција е достапна и за правни субјекти и за физички лица.

Доколку не поседувате дигитален потпис од КИБС или Телеком, можете да го користите бесплатниот потпис преку апликацијата Евротраст. Потребно е:

  1. Да ја преземете апликацијата Евротраст на вашиот уред.
  2. Да се регистрирате.
  3. Да ја направите нарачката преку нашата страна, регистрирај домен
  4. Кога ќе дојдете до чекорот за потпишување, одберете „Евротраст“. На вашата апликација ќе добиете нотификација за документ за потпис.
  5. Откако ќе го потпишете, вратете се на страницата и продолжете со нарачката.
  6. По завршување на нарачката, ќе се генерира профактура која може веднаш електронски да се плати. 

За правни субјекти – потпишувањето мора да биде извршено од овластено лице, согласно со тековната состојба на компанијата.

За физички лица – барањето треба да биде лично потпишано од самото лице на чие име се врши регистрацијата.

2. Лично доставување

  • Барањето може да го доставите лично на една од нашите локации. Личното доставување е овозможено и за правни субјекти и за физички лица.
    • Карпош, кај студентскиот Гоце Делчев

    • Кисела Вода, ул. Борис Трајковски бр. 1 – Рампа

    • Центар, кај Зоил

    • Населба Аеродром, кај Капитол Мол

Контакт информации можете да побарате од корисничка поддршка, пишете ни на info@mkhost.com.mk

Важно: Пред да се достави барањето за регистрација,проверете дали сите внесени податоци се идентични како од лична карта, ова се однесува за физичките лица.

3. Испраќање преку курирска служба (Карго)

  • Барањето за регистрација на домен може да се достави преку курирска служба исклучиво од правен субјект. Оваа опција не е достапна за физички лица.
  • Испринтајте го потпишаното барање и пред да се достави преку курирска служба, пишете ни на info@mkhost.com.mk за да ви го испратиме точниот адресен податок и телефон за контакт.
  • Покрај потпишаното барање за регистрација, да доставите и тековна состојба не постара од 6 месеци.

 4. Прати на пријател

  • Кога документот се потпишува преку Евротраст, системот овозможува две опции за потпис:
    • Опција 1: Јас сум овластен потписник на доменот и ќе го потпишам

                Оваа опција се користи кога вие лично го потпишувате документот.

  • Го избирате копчето „Јас сум овластен потписник на доменот и ќе го потпишам“
  • Внесувате е-пошта за испраќање линк до барањето на потписникот и кликате на испрати барање за потпис кон EvroTrust
  • По испраќање на барање за потпис, отворете ја EvroTrust мобилната апликација и потпишете го барањето. Барањето автоматски ќе го регистрираме кратко по неговото потпишување.
    • Опција 2: Купувам домен за кој постои друг овластен потписник  

                Оваа опција се користи кога документот треба да го потпише друго лице (на пр. управителот, колега, клиент, итн.).

  • Го избирате копчето „Купувам домен за кој постои друг овластен потписник“
  • Внесувате е-пошта за испраќање линк до барањето на потписникот и кликате на испрати барање за потпис кон EvroTrust
  • По испраќање на барање за потпис, отворете ја EvroTrust мобилната апликација и потпишете го барањето. Барањето автоматски ќе го регистрираме кратко по неговото потпишување.

 

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.