Со регистрација на домен во МКхост добиваш бесплатна услуга, ДНС хостинг која овозможува комплетна контрола на твојата ДНС зона. Односно, преку корисничкиот профил ќе може да управуваш со сите записи за твојата ДНС зона, како А, АААА, MX, CNAME, NS, TXT, SRV рекорди. Може слободно да додаваш, бришеш и менуваш дополнителни записи од ДНС зоната. Дополнително, со еден клик може да конфигурираш и користиш MX записи на Google. Притоа, доколку згрешиш, може да ја рекреираш целата зона.
За записите внесени во ДНС зоната да бидат валидни, потребно е именските опслужувачи на доменот да бидат оние на МКхост. Доколку именските опслужувачи покажуваат на друго место, записите од ДНС зоната на МКхост нема воопшто да се земат во предвид.
За управување со ДНС зоната има два начини. Првиот е преку твојот кориснички профил -portal.mkhost.com- со користење на ДНС хостингот, а вториот е преку cPanel и е возможен доколку веќе имаш закупено веб хостинг во МКхост.Управување со ДНС зоната на твојот домен преку кориснички профил со ДНС хостинг услугата:Најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.comВо менито кликни наДомении избери за кој домен сакаш да направиш промена
Во новоотворениот прозорец кликни наДНС Зона
Од тука може да управуваш со ДНС записите и даја гледаш дифолтната ДНС зона, во која имаш веќе поставеноА Record, MX RecordиCNAME Record. Може да ги менуваш веќе постоечките и креирани рекорди или пак да додадеш нови записи. При било каква промена на постоечките записи или пак при додавање на нов запис за да зачуваш само кликни на страна и почекај неколку секунди со што ќе добиеш известување дека записот е зачуван
За да бидат активни промените кои си ги направил треба да провериш дали доменот е подесен на главните ДНС сервери: dns1.mk-host.mk и dns2.mk-host.mk . Доколку сакаш ДНС зоната да ја вратиш на сам почеток - во состојба при прво креирање на зоната кликни не Ресетирај ДНС зона. Внимавај при оваа акција сите моментални записи се бришат и зоната се рекреира со дифолтни записи. Доколку сакаш компетно да ја избришеш ДНС зоната кликни на Избриши ДНС зона. Внимавај при оваа акција ДНС зоната за овој домен нема да постои и дококу доменот не е насочен со сооветни именски опслужувачи истиот може да пне функционира.Управување со ДНС зоната на твојот домен преку cPanelНајави се на твојот cPanel акаунт Во делотDomainsкликни наZone Editor.Во новоотворениот прозорец во делотDomainќе се прикажат сите домени кои ги имаш на хостингот. До доменот за кој сакаш да направиш промена кликни на копчетоA Record, CNAME RecordилиMX Recordво зависност од тоа кој рекорд сакаш да го промениш.
Ќе се отвори нов прозорец каде што треба да внесешA Record, CNAME RecordилиMK Record, (во конкретниов случај на сликата подолу внесувамеA Record)и на крај кликни наAdd an A Recordза да ги зачуваш промените.Доколку сакаш да внесеш нов рекорд какоAAAA (IPv6 Address), SRV (Service Record), TXT (Text Record)и други, кликни на копчетоManage.Одбери го соодветниот рекорд што сакаш да го менуваш и кликни на копчетоEdit.Откако ќе ги направиш промените, кликни наSave Record