Функционалноста за групно плаќање овозможува сите неплатени профактури да ги платите со една трансакција, без потреба секоја профактура да ја плаќате поединечно. Со оваа функционалност заштедувате време и избегнувате можност да заборавите да платите некоја профактура.

Селектирајте ги сите профактури што сакате да ги платите одеднаш, со обележување на полето до секоја профактура (checkbox).

Откако ќе ги изберете, кликнете на копчето Плати веднаш. Системот автоматски ќе ја пресмета вкупната сума за сите селектирани профактури.

Изберете го методот на плаќање (Кредитна картичка) и кликнете Плати веднаш.

Автоматски ќе бидеш редиректиран до системот на банката за електронско плаќање каде што треба да ги внесеш податоците од твојата картичка:

По успешната трансакција, сите селектирани профактури ќе бидат означени како платени, а ќе добиете и потврден документ за извршеното плаќање.
Важно:Доколку сакате да платите само една профактура, можете да ја изберете само неа.
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.