INFO : Подобрен систем за онлајн плаќање - Со цел побрзо и побезбедно плаќање, воведовме нов систем за плаќање со платежни картички преку NLB Банка, согласно највисоките безбедносни стандарди.INFO : Подобрен систем за онлајн плаќање - Со цел побрзо и побезбедно плаќање, воведовме нов систем за плаќање со платежни картички преку NLB Банка, согласно највисоките безбедносни стандарди.

МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
15Домени

Промена на податоци на домен и промена на сопственост (регистрант)

1.Промена на одредени податоци на домен

Доколку сакате да направите променасамо на одредени податоци на регистрантот(е-маил адреса, седиште, телефонски број) или наадминистративен и технички контактна доменот (име и презиме, е-маил адреса, седиште, телефонски број), потребно е:

  1. Да го преземете и пополните барањето кое може да го најдете[тука].
  2. Да го означите полето„Промена на податоци за доменот“.
  3. Да ги пополните празните полиња со точни податоци.
  4. Да го доставите барањето на еден од начините објаснети подолу. -Методи на доставување на барањето

2.Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

За да се изврши промена на сопственост на домен (регистрант)  потребно е да ни испратите две барања:

  1. Едно барање со податоци одмоменталниот сопственик  (регистрант).
  2. Едно барање со податоци одновиот сопственик (регистрант).

Барањата можете да ги преземете и пополните од[тука].

На барањето задолжително означете го полето за„Промена на регистрант“

Откако ќе ги добиеме валидни барањата, сопственоста на доменот ќе биде променета, а вие веднаш ќе бидете известени по е-маил.

Важно:Промена на сопственост и промена на одредени податоци на доменот не се наплаќа. Новиот регистрант ќе биде одговорен за правата на доменот и обнова на истиот во иднина.

3.Методи на доставување на барањето

3.1 Дигитално потпишување со КИБС, Телеком и Евротраст

Барањето може да се потпише дигитално со валиден електронски потпис издаден од:

  • КИБС
  • Телеком
  • Евротраст

Оваа опција е достапна и заправни субјекти и за физички лица.Ако не поседувате дигитален потпис од КИБС или Телеком, можете да користитебесплатен потпис преку апликацијата Евротраст. Потребно е:

  1. Да ја преземете апликацијата „Евротраст“ на вашиот уред.
  2. Да се регистрирате во апликацијата.

Дигитално потпишано барањето доставете го наdomains@mkhost.com.mk

  • За правни субјекти– барањето мора да биде потпишано од овластено лице, согласно тековната состојба на компанијата.
  • За физички лица– барањето мора лично да биде потпишано од сопственикот на доменот.

3.2 Лично доставување

Барањето може да се достави лично на една од нашите локации. Оваа опција е достапна и заправни субјекти и за физички лица.

  • Карпош (кај студентскиот дом „Гоце Делчев“)
  • Кисела Вода (ул. Борис Трајковски бр. 1 – Рампа)
  • Центар (кај ЗОИЛ)
  • Аеродром (кај Капитол Мол)

Контакт информации можете да побарате од корисничка поддршка, пишете ни наdomains@mkhost.com.mk

Важно: Доколку регистрант на доменот е физичко лице барањето мора да е доставено од лицето регистрант-сопственик на доменот лично со личен документ на увид.

3.3 Доставување преку курирска служба (Карго)

Оваа опција е достапнасамо за правни субјекти.

  1. Испечатете го и потпишете барањето.Барањето мора да биде потпишано од овластено лице, согласно тековната состојба на компанијата
  2. Пред да го испратите, пишете ни наdomains@mkhost.com.mkза да ви ги доставиме точните адресни податоци и телефон за контакт.
  3. Заедно со барањето, задолжително доставете итековна состојба не постара од 6 месеци.