МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

0Општо

Портфолио на услуги на МКхост

За МКхост

МКхост е водечки македонски провајдер за хостинг, регистрација на домени и cloud решенија, со долгогодишно искуство во обезбедување стабилна, сигурна и високо-перформансна ИТ инфраструктура.

Нашата мисија е да изградиме долгорочни партнерства преку доверлива услуга, максимална достапност на сервисите и навремена, професионална техничка поддршка. Обезбедуваме решенија кои се прилагодени на потребите на клиентите – од мали бизниси до комплексни корпоративни системи.

Со фокус на сигурност, скалабилност и континуиран развој, МКхост претставува сигурен партнер за секој што сака стабилно и одржливо онлајн присуство.

Кои типови клиенти ги опслужуваме:

  • Мали и средни компании – стабилна основа за нивниот дигитален раст

  • Големи корпоративни клиенти – напредни инфраструктурни и cloud решенија

  • E-commerce бизниси – сигурни и брзи платформи за онлајн продажба

  • Маркетинг и ИТ компании – партнерска поддршка и флексибилни ресурси

  • Државни институции и образовни установи – доверливи и безбедни системи

  • Стартапи и индивидуални претприемачи – скалабилни решенија за брз развој

Услуги кои ги нуди МКхост:

1. Домени

Регистрација на .mk и интернационални домени
Овозможуваме регистрација на македонски домени (.mk, .com.mk, .org.mk .net.mk .мкд .edu.mk ) како и широка палета на интернационални домени (.com, .net, .org, .eu и други). Процесот е едноставен, брз и целосно усогласен со важечките регулативи, со професионална поддршка во секој чекор.

Трансфер на домени
Нудиме сигурна и транспарентна процедура за трансфер на домени од друг регистрар кон МКхост.

Обнова на домени
Обезбедуваме навремена обнова на домени со автоматизирани известувања и потсетници, со цел да се избегне истекување и потенцијално губење на доменот. 

Управување со DNS
Преку напреден кориснички панел овозможуваме целосна DNS контрола – управување со A, AAAA, MX, CNAME, TXT, SRV и други записи. Гарантираме висока стабилност, брза пропагација и сигурна DNS инфраструктура.

2. Хостинг услуги

МКхост нуди сигурни, брзи и скалабилни хостинг решенија, прилагодени според потребите на различни типови бизниси и проекти.

Shared Hosting

Економично и практично решение наменето за мали и средни веб-страници. Обезбедува стабилни перформанси, лесно управување – идеално за почетни проекти, презентациски веб-страници и блогови.

Business Hosting

Напредна хостинг околина со зголемени ресурси и подобрени перформанси, наменета за компании со поголем сообраќај и динамични веб-апликации. Овозможува поголема стабилност, сигурност и флексибилност за растечки бизниси.

WordPress Hosting

Специјално оптимизиран хостинг за WordPress веб-страници, со зголемена брзина, подобрена безбедност и автоматски ажурирања. Конфигуриран за максимални перформанси и сигурност на WordPress околина.

Клучни карактеристики

  • SSD дискови за максимална брзина и подобри перформанси

  • Редовни автоматски backup копии за заштита на податоците

  • cPanel контролен панел за едноставно управување

  • Напредни security механизми и проактивна заштита

  • Висок uptime и стабилност на инфраструктурата

3. Дедицирани сервери

Дедицирани сервери од МКхост се идеални за клиенти со високи перформансни барања, кои бараат целосна контрола и ексклузивни ресурси за своите апликации, веб-страници или бази на податоци.

Managed / Unmanaged опции

Managed: Нашиот тим обезбедува целосно управување со серверот – инсталации, надградби, безбедносни мерки и техничка поддршка, за да се фокусирате само на вашиот бизнис.

Unmanaged: За искусни корисници кои сакаат целосна контрола ,нудиме unmanaged опција, овозможувајќи самостојно управување со сите аспекти на серверот.

Dedicated серверите на МКхост гарантираат максимална сигурност, стабилност и перформанси при секој тип на оптоварување.

4. Cloud решенија

МКхост нуди целосни cloud решенија кои комбинираат висока достапност, скалабилност и максимална безбедност, прилагодени за потребите на современи бизниси и комплексни системи.

Private Cloud

Приватна cloud инфраструктура, наменета за компании кои бараат зголемена безбедност, контрола и оптимални перформанси. Идеално решение за чувствителни податоци и критични бизнис апликации.

Scalable Cloud инфраструктура

Флексибилни ресурси кои можат динамично да се зголемуваат или намалуваат според реалните потреби на вашиот бизнис. Овозможува оптимизација на трошоците и непречено справување со растечки оптоварувања.

Enterprise Cloud решенија

Напредни cloud архитектури за големи и комплексни системи, со интегрирани безбедносни мерки, висок перформанс и можност за интеграција со други корпоративни системи.

High Availability конфигурации

Решенија со висока достапност, редундантност и минимален ризик од прекин во работењето. Вашите апликации и податоци остануваат постојано достапни, дури и во случај на технички дефекти или оптоварувања.

Овие cloud решенија ја комбинираат сигурноста на приватна инфраструктура со флексибилноста на модерните cloud технологии, овозможувајќи стабилност, скалабилност и континуирана работа за сите типови на бизниси.

5.Web решенија

МКхост нуди сеопфатни web решенија кои комбинираат креативен дизајн, стабилна технологија и интеграција со други системи, прилагодени за сите типови на бизниси.

Custom веб апликации

Развој на целосно прилагодени веб апликации според уникатните потреби на клиентот. Нудиме функционалности кои се специјално дизајнирани да ги поддржат вашите процеси и бизнис цели.

Корпоративни веб страници

Модерни, професионално дизајнирани и оптимизирани веб страници за компании. Обезбедуваме брзина, сигурност и квалитетен кориснички интерфејс кој ја зајакнува дигиталната присутност на вашиот бизнис.

Интеграции со трети системи

Поврзување со ERP, CRM, платежни системи и други надворешни платформи за ефикасно управување со податоци и автоматизација на процесите.

Одржување и техничка поддршка

Нудиме годишно редовно одржување, безбедносни ажурирања и професионална техничка поддршка за непречено и сигурно работење на вашите веб апликации и страници.

6. E-commerce решенија

WooCommerce продавници

Развој и конфигурација на онлајн продавници базирани на WooCommerce, со целосна функционалност, модерен дизајн и лесно управување на производи.

Custom e-commerce системи

Развој на целосно прилагодени e-commerce платформи со напредни функционалности, според уникатните потреби на вашиот бизнис и специфични процеси на продажба.

Payment Gateway интеграции

Сигурна интеграција со банки и системи за плаќање на рати, овозможувајќи безбедни и флексибилни опции за плаќање на клиентите.

Оптимизација за перформанси

Подобрување на брзината, стабилноста и корисничкото искуство на онлајн продавниците, со цел зголемување на конверзиите и задоволството на клиентите.

7. SSL сертификати

SSL за сајтови хостирани кај нас

SSL (Secure Sockets Layer) сертификатот овозможува енкрипција на комуникацијата помеѓу веб страната и посетителот. Со активен SSL, сите податоци (лозинки, форми, лични информации, податоци од картички) се пренесуваат безбедно и се заштитени од злоупо

Зошто е потребен Personal SSL?

Personal SSL сертификатот е наменет за:

  • Лични веб страници

  • Презентациски страници

  • Блогови

  • Помали бизнис сајтови

Овој тип на сертификат обезбедува основно ниво на енкрипција и потврдува сопственост на доменот. Доволен е за сајтови кои немаат напредни трансакциски процеси, но сепак сакаат:

  • HTTPS протокол

  • Подобра доверба кај посетителите

  • Подобро рангирање на пребарувачи

  • Заштита на контакт форми и login податоци

Зошто е потребен SSL за E-commerce?

За e-commerce веб страници, SSL сертификатот е задолжителен. Онлајн продавниците обработуваат чувствителни податоци како:

  • Лични информации на купувачи

  • Адреси за достава

  • Податоци од платежни картички

  • Логин податоци

Дополнително:

  • Payment gateway системите бараат активен SSL

  • Пребарувачите означуваат небезбедни страници како „Not Secure“

  • Купувачите имаат значително помала доверба ако нема HTTPS

За e-commerce се препорачуваат повисоки нивоа на SSL (Organization Validation или Extended Validation), кои обезбедуваат дополнителна верификација на компанијата и поголема доверба кај корисниците.

Со соодветен SSL сертификат, вашата веб страница не само што е технички заштитена, туку и создава професионален и доверлив имиџ пред клиентите.



Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.