МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
0Веб Хостинг

Backup на хостинг услуги

За да се обезбеди поголема сигурност на податоците сите хостинг планови во МКхост имаат автоматски серверски backup систем. Backup-ите се прават автоматски и служат како дополнителна заштита во случај на губење на податоци, промени на хостингот или други проблеми со веб страната.

Ние во МКхост обезбедуваме два вида на backup-и:

1. Бесплатни серверски backups

На сите сервери каде што се поставени хостинзите се креираат автоматски backups без дополнителен трошок.

Овие backups се наменети за брзо враќање на веб страната во случај на проблем.

Backup-ите се креираат на:

- дневно (daily) ниво

- неделно (weekly) ниво

Backup системот користи инкрементален метод, што значи дека се зачувуваат само промените направени во податоците. Со ова се оптимизира просторот и брзината на backup процесот.

Дневните backups се ротираат, односно денешниот backup го заменува вчерашниот, додека неделните backups се чуваат подолго согласно backup политиката.

Нашите корисници можат самостојно да вратат backup преку корисничката сметка на МКхост следејќи го туторијалот:

https://mkhost.com/mk/other/knowledgebase/517/kako-samosto%D1%98no-da-vratam-bekap-na-mo%D1%98ot-hosting-plan

Во туторијалот е прикажано како да се врати backup на:

сите поддомени

базата на податоци

маил конфигурација

Со избирање на сите три опции, се прави целосен бекап на хостингот.

Бесплатно враќање на backup

Мкхост овозможува две бесплатни враќања на целосен backup од локален сервер годишно.

Доколку е потребно дополнително враќање во текот на истата година, услугата се наплаќа:

990 МКД + 18% ДДВ еднократно

Селективно враќање на фајлови

Доколку е потребно враќање само на одредени датотеки или дел од веб страната од локален backup, услугата се наплаќа еднократно:

990 МКД + 18% ДДВ

2. Постар backup од remote локација

Доколку е потребно враќање на постар backup кој не е достапен во редовните серверски backups, нашата техничка поддршка може да изврши враќање на податоците од remote backup локација.

Цената за оваа услуга изнесува:

1990 МКД + 18% ДДВ еднократно

Оваа услуга се наплаќа бидејќи процесот вклучува:

1. пронаоѓање на backup архивата

2. повлекување на податоците од remote локација

3. мануелно враќање на податоците

Remote Backup политика

Со цел дополнителна сигурност на податоците, backup копии се чуваат на remote инфраструктура.

Со оваа политика се очекува секој хостинг корисник да има минимум 3 backup копии во текот на една година зачувани на remote локација.

Преземање на податоци од терминиран хостинг

Доколку хостинг услугата е терминирана поради неплатен долг, клиентот може да побара копија од неговите податоци без реактивација на услугата.

Цената за оваа услуга изнесува:

990 МКД + 18% ДДВ – доколку барањето се направи во рок од 10 дена од терминирањето

1990 МКД + 18% ДДВ – доколку се поминати повеќе од 10 дена

Со плаќање на оваа сума, клиентот ќе добие копија од неговите податоци од терминираниот хостинг.

MKхост нема да ги рефундира средствата платени за оваа услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.

Реактивација на терминиран хостинг

Доколку клиентот ги подмири сите неплатени долгови во рок од 10 дена од терминирањето и сака да продолжи со користење на услугата, МКхост може да изврши враќање на податоците.

Цената за оваа услуга изнесува:

990 МКД + 18% ДДВ – враќање од локален backup (до 10 дена)

1990 МКД + 18% ДДВ – враќање од надворешен backup сервер (по 10 дена)

МКхост нема да ги рефундира средствата платени за оваа услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.