МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панелИнформации за Емаил хостинг услугитеОпшти информации
0Општо

Повторно воведување на е-пошта нотификации за .mk и .мкд домени (МАРнет)

МАРнет како регистар на националните домени .mk и .мкд, најави повторно активирање на автоматски е-пошта нотификации почнувајќи од15 јуни 2026 година.

Оваа промена има за цел да обезбеди навремено и транспарентно информирање на сопствениците на домени за сите важни настани поврзани со нивните домени.

Каде се испраќаат нотификациите?

Сите нотификации ќе се испраќаат автоматски на е-пошта адресата која е евидентирана во регистарот на домени.

Типови на нотификации

1. Истекување на домени и критични предупредувања

Овие известувања се од клучно значење бидејќи предупредуваат за можен губиток на доменот или прекин на веб-страницата.

  • expiration_notify– Прво известување за претстојно истекување
  • expiration_dns_warning_owner– Предупредување за исклучување од DNS
  • expiration_dns_owner– Потврда дека доменот е исклучен од DNS
  • expiration_register_owner– Последно предупредување пред бришење
  • expiration_validation– Итно барање за потврда на податоци
  • expiration_validation_before– Предупредување пред суспензија поради невалидни податоци

2. Операции и административни промени

Овие нотификации се испраќаат при секоја промена поврзана со доменот:

  • notification_create– Потврда за регистрација
  • notification_update– Измена на податоци
  • notification_renew– Потврда за обнова
  • notification_transfer– Префрлање на домен
  • notification_delete– Трајно бришење на домен

Важно

За да ги добивате сите известувања:

    • Проверете дали е-пошта адресата е точна наhttps://whois.marnet.mkсо внес и пребарување на вашиот домен.
    • Осигурајте се дека контакт-податоците се ажурирани
    • Доколку е потребно, контактирајте не за ажурирање и следете ги инструкциите за промена на регистрант податоцитука:

  • И покрај тоа што МАРнет ќе испраќа нотификации:
  • Вашиот домен останува регистриран и управуван преку нас како регистрар
  • Сите промени (контакт-податоци, DNS, трансфери) се вршат преку нас
  • Обновата на доменот се врши преку нас
  • Дополнително:
  • Ќе продолжите да добивате известувања од наша страна
  • Ќе добивате профактура за обнова најмалку 14 дена пред истекување на доменот
  • Нотификациите од МАРнет се дополнителни и не ја заменуваат нашата комуникација и обврски како регистрар.

Што значи ова за вас?

Со оваа промена:

  • Ќе добивате навремени потсетници за обнова
  • Ќе избегнете губење на домен
  • Ќе имате поголема контрола и транспарентност

Поддршка

Доколку имате прашања или ви е потребна помош околу ажурирање на податоци или управување со домен, контактирајте не на 022779 444 или info@mkhost.com.mk