МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панелИнформации за Емаил хостинг услугитеОпшти информации
0Домени

Дали може да се промени името на веќе регистриран домен?

Не, името на веќе регистриран домен не може да се промени.Ова важи и доколку при регистрацијата е направена печатна грешка или сакаш да промениш само една буква. Правилото е наведено и воправилата за регистрација на .mk домени.

Истото важи и за доменската наставка. На пример, домен со наставка .mk не може да се промени во .com. За тоа е потребна регистрација на нов домен.

Што да направиш ако сакаш друго доменско име?

Потребно е да регистрираш нов домен со посакуваното име, доколку е слободен и ги исполнува условите за регистрација.

На пример, ако имаш регистрирано , а сакаш да користиш , потребно е да го регистрираш како нов домен. Постоечкиот домен не може да се преименува.

Достапноста на посакуваното име можеш да ја провериш настраницата за регистрација на домени.

Дали може да се променат податоците за доменот?

Промената на доменското име се разликува од промената на контакт податоци, регистрант или регистратор. Овие промени се можни според соодветните постапки, но името на доменот останува исто.Повеќе за дозволените промени.

За помош околу регистрација на нов домен, контактирај нe наdomains@mkhost.com.mk.