МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панелИнформации за Емаил хостинг услугитеОпшти информации
0Портал

Како сам да менуваш податоци на твојот кориснички профил

Како да ги промениш податоците на твојот кориснички профил?

Важно:Промената се однесува само на податоците на твојот кориснички профил. Податоците за регистрантот на веќе регистрираните домени остануваат непроменети.

Преку МКхост корисничкиот портал можеш да ги прегледуваш и ажурираш податоците на твојот профил. Доколку имаш нова адреса, телефонски број или треба да го промениш типот на профилот од физичко во правно лице или обратно, постапката можеш да ја започнеш во делот„Моја Сметка“

Линк за пристап до твојот кориснички профил

По најавата, од менито избери„Моја Сметка“. Ќе се отвори делот„Општи информации“, каде што се прикажани податоците поврзани со твојот кориснички профил. Тука можеш да ги прегледаш постојните информации и да ги ажурираш податоците што можебисе промениле.

Моја Сметка

Исто така може да се направи промена на кориснички профил од правно на физичко лице и обратно.

Промена на типот на кориснички профил

Доколку профилот е на физичко лице, а сакаш да додадеш компанија, постапката е иста.

Во формата провери ги веќе пополнетите податоци и дополни ги информациите што недостигаат. Полињата зависат од типот на профилот на кој преминуваш. Потоа кликни на„Испрати код за потврда“.

Внесување нови податоци

На емаил адресата  ќе добиеш6-цифрен код за потврда. Отвори ја пораката, внеси го кодот во полето„Верификациски код“и кликни на„Потврди“.

Доколку не ја добиеш пораката со кодот, провери ги папкитеSpam/Junk. Ако е потребно, искористи ја опцијата„Испрати повторно“кога ќе биде достапна.

Внесување код за потврда

Тековните податоци остануваат активни сè додека целосно не ја завршиш постапката. По успешната потврда, ќе се прикаже известување дека типот на корисник е променет.

Известување за успешна промена