МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панелИнформации за Емаил хостинг услугитеОпшти информации
0Емаил Хостинг

Почетни и основни информации

Погледнете го видеото подолу за начинот на користење и управување со e-mail hosting услугата:

Погледнете го видеото на YouTube

1. Што е MKhost Email Hosting и што добивам со услугата?

Што е Email Hosting

Email Hosting е услуга наменетасамо за професионална email комуникацијакоја ви овозможува email адреси со Вашиот домен ( ), без да плаќате веб-хостинг доколку не ви е потребна веб-страница.

Услугата работи без разлика дали имаш веб-страница, користиш веб-хостинг или сопствен сервер.

Разлика помеѓу Email Hosting и Web Hosting

Email Hosting

Web Hosting

Само професионален email

Emailивеб-страница

Email адреси со твој домен

Простор за веб-страница

WebMail и email протоколи

Бази на податоци и FTP

SPAM заштита и backup

cPanel функционалности

Не вклучува веб-страница и cPanel

Вклучени email адреси

Ако ти треба и веб-страница, избериMKhost Web Hosting пакет.

Што е вклучено во услугата

Сите Email Hosting пакети вклучуваат:

  • Професионална email адресасо твојот домен

  • Автоматско поврзувањесо домен регистриран во МКхост, или поврзување со домен од друг провајдер

  • WebMail пристап— од секој уред и локација

  • IMAP поддршка

  • Напредна заштита— SPAM филтри, антивирус и енкрипција

  • Backup & Restore— автоматски резервни копии

Кратко инфо за пакетите

Пакет

Простор

Email адреси

Цена

Email Start

1 GB

1

Бесплатно првата година со нов домен, обнова 1.000 МКД годишно

Email Plus

5 GB

до 5

3.500 МКД годишно

Email Business

10 GB

до 10

6.000 МКД годишно

Email Professional

20 GB

до 20

10.000 МКД годишно

Сопствен план (Custom)

21–100 GB

по избор

според избраните вредности

Вкупниот простор го распределуваш слободно помеѓу активните адреси, соминимум 1 GB по адреса.

Основни информации за користење

До поштата пристапуваш прекуWebMailили преку твојот омилен email клиент со IMAP. Сите поставки ги менуваш прекуMKhost корисничкиот портал— креирање адреси, менување лозинки, преглед на достапен и искористен простор и негова распределба помеѓу членовите на тимот.

Пакетот се надградува во секое време на поголем стандарден или на Custom пакет — при надградба се пресметувасамо пропорционалната разликадо истекот на тековниот период.

2. Како да нарачам Email Hosting?

Каде се започнува нарачката

Во главното мени наmkhost.comизбериEmail → Email Hosting. На страницата се прикажани сите стандардни пакети.

  • За стандарден пакет — кај саканиот пакет кликниНарачај веднаш.

  • За пакет по твоја мерка — кликниКреирај сопствен план.

Изборот на домен се прави во продолжение на нарачката.

Нарачка со нов домен

По кликот наНарачај веднаш, регистрирај го саканиот домен во истата нарачка. Доменот автоматски се поврзува со услугата — не мора рачно да поставуваш записи.

Со нов домен, пакетотEmail Start е бесплатен првата година.

Нарачка за постоечки домен

Можеш да користиш и домен што веќе го поседуваш:

  • Домен на твојот MKhost профил— поврзувањето е автоматско.

  • Домен кај друг провајдер— добиваш јасни инструкции за поставување на потребните DNS/MX записи кај тековниот провајдер.

Избор на Email Hosting пакет

Избираш споредбројот на адресишто ти требаат (по една за секој член од тимот, плус општи како и ) и споредвкупниот простор. Ако не си сигурен, започни со помал пакет — надградбата е можна во секое време.

За помош при изборот можеш да го прашаш иMKhost AI агентот.

Нарачка на Custom пакет

Ако ниту еден стандарден пакет не одговара, кликниКреирај сопствен плани избери точен број на адреси и простор според твоите потреби. Custom пакетите се движат од21 до 100 GB.

3. Како да започнам да го користам Email Hosting пакетот?

По нарачката, до професионален email стигнуваш во 4 чекори: избор на пакет → креирање адреси → верификација на доменот → започнување со работа.

Креирање на емаил адреса

ВоMKhost корисничкиот порталотвори ја активната Email Hosting услуга и креирај ги email адресите. При креирањето:

  • внеси го делот пред (на пр. , , );

  • постави силна лозинка;

  • распредели простор за адресата — минимум 1 GB, во рамки на вкупната квота на пакетот.

Во порталот во секое време имаш преглед на достапниот и искористениот простор.

Проверка на верификација

За поштата да пристигнува, доменот мора да биде правилно поврзан со услугата:

  • Домен во МКхост— поврзувањето е автоматско, не е потребна дополнителна акција.

  • Домен кај друг провајдер— во порталот добиваш јасни инструкции кои DNS/MX записи да ги поставиш кај тековниот провајдер. По внесувањето, промените се пропагираат до 24 часа.

Провери го статусот на доменот во порталот пред активно да ја користиш адресата. Ако и по 24 часа поштата не пристигнува, провери дали записите се точно внесени и дали има стар MX запис од претходен провајдер што треба да се избрише, или контактирај ја поддршката.

Користење на емаил адресата

Преку WebMail— најави се со целосната email адреса како корисничко име и лозинката поставена при креирањето. Работи од секој прелистувач, без подесување.

Преку email клиент— поврзи го твојот омилен клиент (Outlook, Thunderbird, Android, iOS, macOS) преку IMAP. Детални упатства по уред:https://mkhost.com/mk/other/email/