Како да ја промените емаил адресата на вашиот кориснички профил?
Важно:Со промената на емаил адресата се менува и вашето корисничко име за најава. По промената, за најавување на вашиот кориснички профил користете јановата емаил адреса.
Доколку имате поставенодвофакторска автентикација (2FA), таа останува активна на вашиот кориснички профил и по промената на емаил адресата. Оваа постапкане ја отстранува ниту ја исклучува 2FA.
Како корисник на услугите на МКхост, имате свој кориснички профил од каде што можете да управувате со своите услуги и да закупувате нови.
Во секое време можете да направите промена на податоците на вашиот кориснички профил.
Линк за пристап до вашиот кориснички профил
По најавата, од менито изберете„Моја Сметка“за да пристапите до податоците на вашиот профил.

Во делот„Општи информации“ќе ја видите емаил адресата што моментално ја користите. Кликнете на иконата со молив, десно од адресата, за да ја отворите формата за промена.

Ќе ви се отвори следниот екран:

Во полето„Нова емаил адреса“внесете ја адресата што сакате да ја користите. Проверете дали е правилно напишана, а потоа кликнете на„Испрати код за потврда“.
На вашата тековна емаил адреса ќе добиете порака со6-цифрен код за потврда. Отворете ја пораката и внесете го кодот во соодветното поле во порталот.
Доколку пораката не пристигнува, проверете ги папкитеSpam/Junkи почекајте неколку минути. Проверете и дали го отворате соодветното сандаче.
Пораката треба да изгледа вака:

По потврдата на тековната адреса, ќе добиете втор код нановата емаил адреса. Отворете го новото емаил сандаче и внесете го вториот код во порталот за да ја завршите промената.
По успешната потврда на двата кода, на екранот ќе се прикаже известување дека емаил адресата е успешно променета.
