Како корисник на услугите на МКхост, имаш свој кориснички профил, преку кој може да управуваш со закупените услуги.
Доколку сакаш, на твојот кориснички профил можеш да додадеш дополнителен контакт со друг меил и други податоци и на тој контакт да доделиш различни пермисии.
За да додадеш дополнителен контакт на твојот акаунт, потребно е да ни испратиш барање. Истото може да го преземеш тука
Пополни го барањето со податоци за дополнителниот контакт, означи кои пермисии сакаш да ги доделиш, потпиши го барањето и испрати ни го на info@mkhost.com
Доколку акаунтот е на правно лице, мора на барањето да има печат од соодветната компанија.
Откако ќе го добиеме барањето, контактот ќе биде додаден на твојот кориснички профил и на истиот ќе ги доделиме соодветните пермисии.
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.