Доколку имаш активен домен регистриран во МКхост и истиот повеќе не ти е потребен, може да поднесеш барање за бришење на доменот.
Потребно е да го пополниш барањето кое може да го најдеш на овој линк барање за бришење на домен.
Барањето мора да биде пополнето со податоци на регистрантот на доменот.
Доколку имаш дигитален потпис, може да го потпишеш барањето и испратиш на domains@mkhost.com.mk.
Доколку немаш дигитален потпис, потребна е дополнителна верификација :
-Ако регистрантот е правно лице, на барањето мора да има печат од соодветната компанија и истото да ни го доставиш лично во просториите на МКхост или да ни го испратиш по пошта.
-Ако регистрантот е физичко лице, пополнетото барање мора да ни го достави лично со лична карта на увид на една од нашите локации.
Информации околу најблиската локација за достава на барањето побарај не на 022779 444 (локал 1).
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.